Федерер не успеа да се врати навреме, нема да игра на Австралијан Опен

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер се мачи со повреди и е оддалечен од терените. Иако се најавуваше дека има можност Швајцарецот да се врати на време за Австралијан Опен, тоа сепак нема да се случи. 

Самиот тенисер зборуваше на оваа тема и нагласи дека не сака да ризикува, а ги кажа и своите цели за 2021 година. 

„Би сакал да бидам во Австралија и да играм, ама тоа не е фер за моите колена. Нема да играм додека не сум 100% спремен. Моите цели за 2021 година се Вимблдон, Олимписките игри и УС Опен“, изјави Федерер. 

Федерер веќе има 38 години и мора да ги „бира“ своите битки, а тоа што е мотивиран за Вимблдон не е изненадување. Како што Ѓоковиќ е најтрофеен на Австралијан Опен, Надал на Роланд Гарос, така Федерер е најуспешен на Вимблдон.