Федерер: Не тренирам бидејќи моментално не гледам потреба од тоа

Федерер

Роџер Федерер заздрави од операцијата на коленото, но не се вратил на тренинзите, бидејќи смета дека наскоро нема да биде активен на тениските терени.

Пандемијата ги уништија неговите планови да игра на Вимблдон и Олимписките игри, кои беа негови главни цели во 2020 година.

„Вистината е, не тренирам затоа што, да бидам искрен, не гледам причина да го правам тоа во моментов. Физички сум добро и мислам дека ќе помине долго време пред повторно да се натпреваруваме. За мене е важно да сега да одморам, не ми недостасува толку многу тенисот, иако кога сме блиску да се вратиме и имам можност да тренирам, ќе бидам супер мотивиран“, вели швајцарскиот ас.

Оваа пауза според поголемиот дел од навивачите им одговара на постарите тенисери, поточно на „големата тројка“. Одморот во овие месеци сигурно дека ќе им годи по тешките години и густиот распоред во претходните сезони.

Федерер полека влегува во последната фаза од кариерата. Засега нема потврдено кога и дали планира да се пензионира, но проблемите со повреди би можеле набрзо да го променат неговото мислење.