Федерер: Не сум опседнат со слем-рекордот, уживам играјќи тенис

За многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер вели дека нема да биде разочаран доколку некој од ривалите успее да освои повеќе Грен слем трофеи од него.

Легендарниот Швајцарец е рекордер по освоени слемови, има вкупно 20 трофеи од големите турнири и се наоѓа пред Рафаел Надал кој има 19 и Новак Ѓоковиќ (16).

„Некогаш ми беше важно да го израмнам рекордот на Сампрас (14), а потоа и да го надминам. Но, од тогаш мислев само на мечевите и немав никаков притисок. Уживам додека играм тенис. Се надевам дека ќе можам уште многу време да бидам на овие терени и да освојам уште некој слем, но тоа не го правам за да им застанам на патот на ривалите да ме стигнат“, рече Федерер. 

39-годишниот Федерер и на овосезонскиот Австралија Опен е сместен меѓу фаворитите за трофејот, кој последен пат го освои во 2018 година.