Федерер не крие: Имав флешбекови поради Ноле, не можам да го дочекам нашиот нов дуел! 

Роџер Федерер во едно од највозбудливите финалиња на сите времиња во Вимлбдон, со 3-2 во сетови загуби од големиот ривал Новак Ѓоковиќ, но вели дека е подготвен за нов дуел против првиот рекет на светот. 

Најтрофејниот тенисер на сите времиња призна дека имал флешбекови по тој пораз на англиската трева, но сега тоа е минато за него и веќе е спремен за новите предизвици, кои ги има на Мастерсот во Синсинати. 

„Не беше лесно. Прво ми требаа неколку денови да се соземам и да бидам свесен што ми се случи. Бев толку блиску до победата, но... Нема да кријам и ќе кажам дека имав флешбекови заради тој дуел. Но, сега одам на тренинг, тренирам и заборавам на сè. Ме очекува нов силен турнир, а навистина сакам на истиот да се сретнам токму со Ноле. Едвај го чекам тој меч“, вели Федерер. 

Големите ривали на Мастерсот во Синсинати можат да се сретнат само во полуфиналето.