Федерер не е повеќе недостижен - сите 19 Грен слем титули на Рафа Надал

Кога во мај 2005 година за првпат го освои Роланд Гарос, никој не веруваше дека тоа шпанско момче пишува историја. Рафаел Надал веќе има 19 Грен слем титули, ги има сите четири во колекцијата и само еден трофеј го дели од најдобриот на вечната листа, Роџер Федерер.

„Бикот од Мајорка“ ноќва по четврти пат го осви Отвореното првенство на САД и веќе го напаѓа и првото место на АТП листата.

  • Сите 19 Грен слем титули на Рафаел Надал: 

Светот на тенисот не памети вакво ривалство и ваква голема тројка која и во четвртата деценија од животот победува како од шега.