Федерер најавува активна пролет, се пријави и за Мастерсот во Мајами

Мајами

Роџер Федерер ќе се појави на турнирите во Доха и Дубаи и конечно ќе го направи толку очекуваниот кам-бек.

Швајцарскиот шампион поради повреда на коленото не беше дел од изминатата сезона. Сега кога проблемите се зад него, 39-годишникот од Базел најавува дека ќе биде доста активен оваа пролет.

Веднаш по овие две учества, тој планира да патува за Соединетите Американски Држави. Таму ќе биде дел од големата конкуренција која ќе игра за трофејот на Местерс турнирот во Мајами. 20-кратниот Грем слем победник е бранител на титулата на турнирот кој последен пат се одржа во 2019 година. 

На листата се Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Данил Медведев, Доминик Тием, Стефанос Циципас, Александер Зверев, Диего Шварцман...