Федерер на колена: Андерсон го надигра „најголемиот“ за полуфинале на Вимблдон

Заврши сонот на најдобриот тенисер на планетата, Роџер Федерер, за деветта титула на неофицијалното светско првенство во тенис. Швајцарецот на „Олд Ингланд Клуб“ не загуби сет, но денес целосно потфрли и заслужено беше елиминиран од секогаш незгодниот Кевин Андерсон од Јужна Африка. 

32-годишниот тенисер скоро перфектно го одигра овој меч. Неговиот сервис беше убиствен за швајцарскиот ас, а во 22. гем во одлучувачкиот сет беше присебен и успеа да го направи потребниот брејк за победа. Дуелот започна со брзи 6-2 за Федекс, а потоа со 7-6, првиот рекет на светот зголеми на 2-0, но Андерсон не се предаде и со три фантастични сета ја извојува можеби најголемата победа во својата кариера. 

Негов противник во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу двајцата одлични сервери, канадскиот ас Милош Раониќ и Американецот Џон Иснер. Во полуфиналето се пласира и Новак Ѓоковиќ по триумфот над Кеи Нишикори