Федерер му одржа лекција на Зверев и донесе водство за Швајцарија во финалето на Хопман Купот

Федерер Хопман Куп

Репрезентацијата на Швајцарија поведе во големото финале на Хопман Купот, благодарејќи на победата на Роџер Федерер против Александар Зверев од Германија (6-4, 6-2).

Откако спаси неколку брејк топки при резултат 4-4, Федерер возврати и го одзеде следниот сервис на противникот за да поведе со 1-0. Раниот брејк во вториот сет на 37-годишникот му донесе мирна завршница и отворен пат кон првиот бод за својата репрезентација.

Зверев денес имаше непрепознатлив сервис, што беше слабата точка која што ја искористи Швајцарецот за да слави конечна победа од 6-2.

Во вториот меч силите ќе ги одмерат Белинда Бенчиќ и Анжелик Кербер, а доколку резултатот по таа средба е 1-1, победникот ќе се решава по дуелот во двојки.