Федерер лут по раната елиминација во Хале: Не би сакал да кажам нешто погрешно

Големиот шампион Роџер Федерер е разочаран од раната елиминација на турнирот во Хале. Швајцарскиот ас откако го предаде четвртфиналниот дуел од Ролан Гарос сите свои сили ги насочи кон настапите на тревната подлога, но на својот омилен турнир беше елиминиран уште во осминафиналето.

Ветеранот е особено загрижен за играта во решавачкиот, трет сет на дуелот против Фелик Оже-Алиасим.

„Ми требаше време за да се смирам по сето ова денес. Не сум задоволен од играта во третиот сет. Слично беше и во  Жeнева, на некој начин почувствував дека играм добро, но тоа беа подеми и падови. Би сакал да имам време пред да им се обратам на медиумите, а не да го правам тоа уморно, и со жешка глава. Не сум сигурен што да кажам, не би сакал да кажам нешто погрешко“, истакна 39-годишниот Федерер.

Легендарниот Швајцарец лошо ја започна сезоната на тревна подлога, бидејќи го загуби вториот натпревар. Младиот Канаѓанец славеше по пресвртот со 4-6, 6-3, 6-2.