Федерер ќе паднеше на 29. место на АТП листата без промените во рангирањето

Федерер Роџер

АТП мораше да прави промени во рангирањето, по петмесечната пауза предизвикана од коронавирусот. Играчите добија слобода да не бидат казнувани со одземени бодови, ако сметаат дека не треба да преземаат ризик да се појават на некој турнир.

Да не беше таков случајот, изгледот на листата најдобри тенисер на денешницата ќе имаше сосема поинаков изглед. Единствена сигурна работа ќе беше лидерската позиција на Новак Ѓоковиќ кој и натаму доминантно ќе стоеше на самиот врвот пред конкуренцијата.

Промена ќе имаше на втората позиција, каде заради одличните резултати во 2020 година ќе беше името на Доминик Тием. Австрискиот тенисер го освои својот прв Грен слем турнир на УС Опен, а тоа ќе беше доволно да се пласира со 600 поени пред Рафаел Надал.

Феноменалната завршница на сезоната за Данил Медведев ќе донесеше место меѓу најдобрите четири. Русинот славеше на Мастерсот во Париз, а потоа и на завршниот турнир во Лондон.

Најголем пад ќе доживееше Роџер Федерер кој ја пропушти цела сезона поради повреда на коленото. Да не беше промената во рангирање, шампионот од Базел ќе паднеше на 29. позиција, што ќе беше негов најлош пласман во изминатите 15 години.