Федерер ќе ја започне 2017 година со настап на „Хопман купот“

Роџер Федерер

Швајцарецот, Роџер Федерер во наредната 2017 година ќе ја започне 20. професионална сезона. Во истата ќе стартува со настап на „Хопман купот“ во Перт, за првпат по далечната 2002 година, кога настапуваше во пар со неговата сопруга, Мирка. Новиот партнер на швајцарскиот тенисер ќе биде 19-годишната Белинда Бенчиќ, а турнирот ќе биде одигран од 1 до 7 јануари. 

„Се сеќавам на мојот прв настап во Перт, беше прекрасно искуство. Таму настапив со мојата сеопруга, Мирка. Овој турнир е одличен за да се започне тренингот за новата сезона и ќе биде интересно да се настапи по вторпат“, изјави 34-годишниот Федерер.

Федерер и Мирослава Вавринец загубија два од трите натпревари во 2002 година, а турнирот го освои шпанската двојка, Томи Робредо и Аранча Санчез Викарио.