Федерер ја продолжи доминацијата во дуелите со Вавринка за осминафинале во Индијан Велс

Федерер Вавринка

Четвртиот тенисер на светот Роџер Федерер го доби директниот дуел со сонародникот Стан Вавринка (6-3, 6-4) и обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Индијан Велс.

Полесно од очекувањата, 37-годишникот од Базел шести пат по ред го совлада денешниот противник, кој исто така ги доби сите нивни меѓусебни дуели на тврда подлога. Два лоши гема на Вавринка значеа негатива во двата сета. Поискусниот од двата тенисери рутински ја користеше секоја противничка грешка и сигурно чекореше кон нова победа, десетта оваа сезона.

Противник во следната фаза за Федерер ќе биде Британецот Кајл Едмунд, кој немаше проблеми против Раду Албот.

Кај девојките сигурни победи запишаа Петра Квитова, Белинда Бенчиќ, Анџелик Кербер и Каролина Плишкова.

Извештај на денот: 

Поен на денот: