Федерер искрен: Имав многу среќа, победата не ја заслужив

Малку фалеше за голема сензација на Австралија Опен, откако 100. тенисер на светот, Тенис Сандгрен не успеа да искористи седум меч топки и дозволи пораз од легендарниот Роџер Федерер во четвртинафиналето на Грен слемот во Мелбурн. 

По големата борба против Американецот швајцарскиот ас беше искрен и спортски призна дека денес победи незаслужено.

„Денес имав многу среќа. Не заслужив да победам. Среќата беше на моја страна, бидејќи немав контрола над тие седум меч-топки кои ги имаше противникот. Мора да признам дека и на претходните натпревари имав среќа и сега требаше да бидам во Швајцарија“, рече Федекс. 

Во борбата за финале, Федерер ќе се сретне со големиот ривал Новак Ѓоковиќ кој за разлика од него на лесен начин се справи со Милош Раониќ и победи со 3-0 во сетови.