Федерер и Надал ќе играат во Јужна Африка пред 50.000 гледачи

Федерер Надал

Швајцарскиот ас Роџер Федерер во едно интервју откри дека заедно со Рафаел Надал ќе биде дел од егзибиција која ќе се одржи во Јужна Африка.

20-кратниот Грен слем шампион потврди дека тој и Шпанецот ќе се појават пред публиката на 7 февруари наредната година.

Мечот ќе биде дел од хуманитарната фондација на тенисерот од Базел и ќе се одржи на стадионот „Кабо“ кој има капацитет од 50.000 гледачи.

Целта на овој настан е да се сруши досегашниот рекорд на присутни гледачи на еден тениски натпревар.