Федерер и Бенчиќ ја одбранија титулата во Хопман Купот

Федерер Бенчиќ

Швајцарската двојка Роџер Федерер и Белинда Бенчиќ втора година по ред победи на Хопман Купот, кој што се одржува во Перт, Австралија.

Во финалето, Федерер и Бенчиќ ги надиграа Александар Зверев и Анжелик Кербер од Германија, добивајќи го последниот дуел во двојки со 4-0, 1-4, 4-3.

Првиот меч донесе триумф на ветеранот од Базел против младиот германски тенисер, а во иста мера возврати Кербер и израмни на 1-1. Одлучувачкиот меч донесе неизвесна борба до самиот крај, кој заврши во полза на репрезентацијата на Швајцарија.

Идентичен беше и исходот во минатогодишното финале, кога на теренот се сретнаа истите противници.