Федерер го збриша Фриц и обезбеди 16-то осминафинале во Мелбурн

Швајцарецот Роџер Федерер обезбеди пласман во осминафиналето на Австралија опен, откако во третото коло го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3-0 (6-2, 7-5, 6-2), за 88 минути игра.

За Федерер пласманот меѓу најдобрите 16 е негов 16-ти пат во кариерата и е на добар пат повторно да запише висок пласман. Федерер беше доминантен против Американецот во првиот и третиот сет, а Фриц единствено парираше во вториот, каде беше рамноправен до резултат 5-5, кога Швајцарецот направи брејк и го освои сетот со 7-5.

Во мечот за пласман во четвртфиналето, Роџер Федерер ќе игра против големата грчка надеж, Стефанос Циципас, кој беше подобар од Николоз Басилашвили.