Федерер го скокна Нори и договори меч со Сонего на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер патува во осминафиналето на Грен Слем турнирот Вимблдон откако со 3-1 во сетови (6-4, 6-4, 5-7, 6-4) славеше над британскиот тенисер Камерон Нори.

Нори, кој е 34 на АТП-листата, му даде доста добар отпор на фаворитот на хартија. Сите сетови беа неизвесни затоа што немаше премногу брејкови, со исклучок на последниот, каде паднаа три брејка и Федерер се извади од проблем да игра петти сет.

Во првиот и вториот сет, Федерер направи по еден брејк, додека во третиот, Норис освои сервис на противникот во дванаесеттиот гејм откако ја искористи првата сет-топка. Четвртиот сет донесе доста подобра игра на Нори, освоениот претходен сет како да му ја крена самодовербата, па Британецот имаше предност од 3-4, а откако Федерер изедначи, следеше брејк за 5-4 и потоа со мирен сервис се реши прашањето околу победникот.

Федерер во следната фаза на Вимблдон ќе игра со Сонего.

Најнови вести од
Вимблдон