Федерер го потврди денот кога ќе се врати на тениските терени

Федерер

Швајцарскиот ветеран Роџер Федерер ќе се врати на терените на почетокот на март. Големиот шампион планира да биде дел од турнирот во Доха.

20-кратниот Грен слем првак долго време е отсутен од тенисот, поточно од поразот во полуфиналето на минатогодишното издание на Австралија опен.

„Долго размислував за тоа кога и каде да се вратам на теренот. Турнирите во Австралија дојдоа прерано. жал ми е, затоа што сакам да играм таму. Сакав да се вратам на помал турнир, за да чувствувам помалку стрес.

Сакам да славам големи победи. Подготвен сум да одам на долг, тежок пат поради тоа. Ќе дадам сè од себе да играм на земја, а потоа планирам да се појавам во Хале, Вимблдон, Олимпијадата и УС Опен“, рече тенисерот од Базел.

Федерер во август полни 40 години и прашање на време е кога ќе ја најави својата пензија.