Федерер го откажа настапот на Мастерсот во Мајами

Легендарниот тенисер Роџер Федерер го откажа својот настап на уште еден турнир, откако од неговиот тим информираа дека нема да учествува на Мастерсот во Мајами.

Веќе е познато дека Швајцарецот се пријави на два врзани АТП турнири од серијата 500, оние во Доха и Дубаи, па дури тогаш ќе имаме можност да го гледаме на тениските терени по долга пауза од 13 месеци.

„По Доха и можеби Дубаи, Федерер ќе се врати со лесен тренинг за да се подготви за остатокот од сезоната“, изјави неговиот менаџер Тони Годсик.

Последниот натпревар Федерер го одигра на седми февруари минатата година, кога го победи Рафаел Надал во ревијален натпревар.