Федерер го надигра Милман на стартот во Хале

Роџер Федерер

Роџер Федерер е еден од ретките фаворити кој реши да не прави пауза пред Вимблдон. Денес, тој се соочи со Џон Милман во првото коло на турнирот во Хале и победи со 2-0 (7-6/1, 6-3).

По кој знае кој пат во својата кариера, швајцарскиот ас покажа дека е најдобар кога е најпотребно и доминантно со резултат 7-1 го доби тај-брејкот во првиот сет. Тоа како да ја падна самодовербата на Австралиецот, па продолжението донесе полесен пат за фаворитот, кој во два сета ја започна сезоната на трева.

Противник во следното коло ќе му биде Жо Вилфред Цонга, кој беше подобар од Беноа Пер.