Федерер ги израдува фановите и ќе заигра на омилениот турнир

Славниот швајцарски тенисер Роџер Федерер официјално потврди дека се враќа на тениските терени и ги израдува милионите фанови ширум светот. 42-годишниот Швајцарец одлучи повторно да учествува на еден од неговите омилени турнири од активната играчка кариера. 

Медиумите го прашаа и веднаш дознаа дека тој ќе учествува на егзибициониот „Лејвер Куп“ кој му е еден од омилените за игра, а навивачите со огромно воодушевување најавуваат инвазија и борба за влезници. 

Федерер кратко изјави дека „турнирот во Канада му е омилен од ваков карактер и со задоволство се враќа и годинава“, а имаше и кратка објава на Твитер каде напиша „се гледаме во Ванкувер“.

Таму ќе го пречека самиот елитен крем од светскиот тенис, а публиката ќе ужива во игрите на Тејлор Фриц, Ник Киријос, Стефанос Циципас, Андреј Рубљев, Хогер Руне и други. Сè уште не е познато дали покана за настап ќе добијат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, но се очекува и тоа да се случи во деновите што следат. 

Роџер Федерер официјално замина во пензија пред една година, но изгледа дека сè уште ќе се појавува на егзибиционите турнири. „Лејвер Купот“ во Ванкувер се игра меѓу 22 и 24 септември годинава.