ВИДЕО: Федерер ги изненади девојчињата кои беа светски хит за време на карантинот

Федерер Роџер

Се сеќавате ли на видеото кое стана хит во светски рамки за време на карантинот? Две италијански девојчиња играа тенис на покривот на своите згради и ги освоија срцата на тениските фанови ширум светот.

За нив се пишуваше на големо, а нивната брилијантна идеја стигна до Роџер Федерер, кој одиграл неколку егзибиции на необични места. Сега имаше можност да ги изненади младите тениски фанови и да заигра со нив на нивното омилено место.

На крајот од видеото швајцарскиот ас им соопшти ново изненадување на девојчињата и им откри дека ги пријави во тенискиот камп на Рафаел Надал во Мајорка.

Федерер е надвор од конкуренција за турнирите до крајот на годината, поради операцијата на десното колено.