Федерер експресно го победи Пела за полуфинале во Штутгарт

Светскиот рекет број два, Роџер Федерер ја прескокна и втората пречка на турнирот во Штутгарт, на кој има шанса да се врати на врвот на АТП листата. Швајцарецот лесно се справи со Пела од Колумбија со 2-0 во сетови, 6-4. 6-4.

И покрај долгата пауза и неиграњето на сезоната на земјена подлога, Федерер делуваше моќно, цврсто го држеше својот сервис и двапати го одзеде сервисот на својот ривал. Во полуфиналето ривал на Федерер ќе биде победникот од дуелот меѓу Кирјиос и Лопез.

Во останатите завршени четвртфинални мечеви, Пуј во три сета го совлада Истомин во три сета и Раонич беше подобар од Бердих, добивајќи ги двата сета во тај-брејк.