Федерер донираше еден милион франци за најзагрозените семејства во Швајцарија

Роџер Федерер, за многумина најдобриот тенисер на сите времиња, уште еднаш ја докажа својата човечност и во овие тешки моменти донираше еден милион франци во борбата против коронавирусот кој направи хаос во Европа. 

Тенискиот ас заедно со својата сопруга Мирка издвоија еден милион франци кои ќе бидат прераспределени на најзагрозените семејства во Швајцарија. 

„Ова е предизвикувачки период за сите нас и никој не смее да остане незагрижен. Затоа јас со мојата сопруга Мирка решивме да донираме еден милион франци кои ќе бидат распоредени за најзагрозените семејство во Швајцарија. Оваа наша донација е само почеток, се надеваме дека и другите ќе ни се приклучат со цел да се згрижат сите кои трпат големи загуби од оваа пандемија“, меѓу другото напиша Федерер на социјалните мрежи. 

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

These are challenging times for everyone and nobody should be left behind. Mirka and I have personally decided to donate one million Swiss Francs for the most vulnerable families in Switzerland. Our contribution is just a start. We hope that others might join in supporting more families in need. Together we can overcome this crisis! Stay healthy! Dies sind herausfordernde Zeiten für uns alle und niemand sollte zurückgelassen werden. Mirka und ich haben beschlossen, persönlich eine Million Schweizer Franken für die am stärksten gefährdeten Familien in der Schweiz zu spenden. Unser Beitrag ist nur ein Anfang. Wir hoffen, dass sich andere anschließen, um noch mehr bedürftige Familien zu unterstützen. Gemeinsam können wir diese Krise überwinden! Bleibt gesund! Nous vivons une période difficile pour nous tous et personne ne doit être laissé pour compte. Mirka et moi avons décidé de personnellement faire don d'un million de francs suisses aux familles les plus défavorisées en Suisse. Notre contribution n'est qu'un début. Nous espérons que d'autres se joindront à nous pour aider encore plus de familles dans le besoin. Ensemble, nous pouvons surmonter cette crise! Restez en bonne santé!

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer) on

Поради пандемијата, тениските турнири се во мирување, а секако тоа му оди во прилог на Федерер, затоа што поради повреда и операција на коленото беше приморан да отсуствува извесен период.