Федерер бара еден милион евра за да настапи на помалите АТП турнири

Роџер Федерер

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер во последните неколку сезони внимателно ги бира турнирите на кои што настапува.

Поради неговата возраст, Швајцарецот понекогаш игра и на помалите турнири, но за тоа е богато награден. Откриено е дека тој добива еден милион евра со оглед на тоа што е еден од најпознатите спортисти со огромен број на следбеници ширум светот.

Нешто поефтини се Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои за секој настап инкасираат по 880.000 евра.

По пауза од две сезони, фановите на швајцарскот ас ќе имаат можност повторно да го гледаат на земјена подлога, бидејќи тој потврди дека ќе се пријави на Ролан Гарос.