„Федекс-експрес“ фуриозно го започна Ролан Гарос!

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, на фуриозен начин им се врати на терените на единствениот Грен слем на земјена подлога, Ролан Гарос. 

Швајцарскиот тенисер за нешто повеќе од час и половина обезбеди второ коло, откако со максимални 3-0 го совлада младиот италијански тенисер Лоренцо Сонего. Првиот сет заврши во полза на Федерер од 6-2, додека во останатите два 24-годишниот Сонего имаше сили да освои само по четири гема. 

  • Извештај од натпреварот:

Покрај Федерер, пласман во второто коло денес обезбедија уште Чилиќ, Циципас, Димитров, Нишикори...