Фаворитките сигурни до четвртфинале во Мелбурн

Кај дамите немаше изненадување на Австралијан Опен и три од три фаворитки се пласираа меѓу најдобрите осум.

Габриње Мугуруза се соочи со Кики Бертенс и беше подобра со 2-0 во сетови (6-3, 6-3). Мечот траеше нешто повеќе од еден час, а Шпанката запиша триумф и покрај фактот дека лошо ги отвораше сетовите.

Без загубен сет се радуваше и Симона Халеп, која со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) ја совлада Елис Мертенс. И двете тенисерки имаа доста проблеми со сервисите, на мечот имаше осум брејка, а на крајот посреќна беше Романката.

На најдолгиот меч на вечерта кој траеше речиси три часа, Анет Контавеит со 2-1 во сетови (6-7, 7-5, 7-5) ја елиминира Ига Свиаетек.

Последниот патник во четвртфиналето ќе го даде натпреварот меѓу Анџелика Кербер и Анастасија Павличенкова.