• Иван Димовски

Суспензијата на Јаник Синер официјално е на сила од 9 февруари, а ќе трае до 4 мај. Речиси три месеци Италијанецот ќе биде надвор од терените поради допинг аферата, а еве како тоа ќе влијае на неговата сезона и бодови на АТП рангирањето.
Синер прво ќе го скокне турнирот во Доха, а потоа и турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид. Тој брани поени на американските турнири, па ќе загуби 1.920 поени и шанса да го достигне ќе има Александар Зверев.
Сепак, добра вест за Синер е дека ќе има право за настап првпат на АТП Рим, а потоа и на Ролан Гарос.