Еве ја агендата: Каде ќе го гледаме Ѓоковиќ до крајот на годината?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има лимитирана програма на турнири на кои ќе настапи до крајот на сезоната, а каде ќе го гледаме 21-кратниот освојувач на Грен Слем турнирите?

Дури и ако настапи на УС Опен, со посебни исклучоци поради вакцината, Србинот веројатно нема да биде дел од Мастерсите во Монтреал (7-14 август) и Синсинати (14-21 август). УС Опен стартува на 29 август, па голема е веројатноста дека Ноле нема да игра дотогаш.

Во септември единствениот сигурен турнир на Ѓоковиќ е Лејвер Купот, кој се игра меѓу 23 и 25 во месецот. Останатите настани на АТП се во категоријата 250 и е малку веројатно дека тој ќе се пријави да биде дел од нив. Во октомври поранешниот светски рекет број еден ќе има можност да игра на АТП 500 турнирите во Токио и Нур-Султан меѓ 3 и 9 октомври. Во последната недела од месецот постојат две варијанти - Виена и Базел, а меѓу нив повторно се турнири само од „250-ката“.

Исто така дел од плановите на Србинот е и Мастерсот во Париз кој стартува на 31 октомври, како и финалниот АТП-турнир во Торино на 13 ноември.