Еванс го исфрли Хачанов на АТП Антверпен, полуфинале за Синер во Келн

Британецот Даниел Еванс го изненади Карен Хачанов и го исфрли од четвртфиналето од АТП турнирот во Антверп со 2-1 во сетови. 35-годишникот го загуби првиот сет со 3-6, го доби вториот по тај-брејк со 7-6 (9-7) и со 6-4 на крајот се радуваше на пласман во полуфиналето. 

Таму Еванс ќе се сретне со Уго Умберт, кој не загуби сет и со 0-2 го елиминира Лојд Џорџ Харис. Григор Димитров без битка ја мина четвртфиналната пречка, откако Милош Раониќ не можеше да игра, а во полуфиналето ќе се пресмета со подобриот од дуелот меѓу Де Минер и Џирон. 

Младиот Јаник Синер ја продолжи добрата форма и го исфрли Жил Симон со 2-1, на АТП турнирот во Келн. 19-годишниот Италијанец иако загуби сет со 6-0, ги доби останатите два со 6-3 и 6-4 се пласираше во полуфиналето на германскиот отворен турнир. Синер во полуфиналето би можел да се сретне со првиот носител, домашниот тенисер Александар Зверев