Естонија ја „збриша“ Македонија на стартот на Дејвис Купот

Македонската тениска репрезентација доживеа висок пораз на стартот на Дејвис Купот, против селекцијата на Естонија (0-3).

Ривалите беа поуспешни во трите меча и успешно си ги отворија настапите.

На првиот натпревар, Кенет Раисма го совлада Димитар Грабул (6-2, 6-4), а потоа, Јурген Зоп беше подобар од Горазд Србљак (7-5, 6-1). Во мечот во двојки каде играа Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ, загубија од Раисма и Зоп (6-0, 6-2).

Следните дуели за Македонија на Дејвис Купот се утре попладне против Летонија.