Енди Мареј успешно опериран, но сонува настап на Вимблдон

Енди Мареј се соочува со нови проблеми од физичка природа. Британскиот ветеран мора на нов оперативен зафат. 

Се работи за повреда на грбот која Мареј ја заработи играјќи на турнирот во Квинс. Поради тоа искусниот тенисер мораше повторно „под нож“. Сепак, според најавите од „островот“ делува дека заздравувањето на тенисерот ќе оди набргу. 

Веројатно не станува збор за сериозен оперативен зафат, па постои надеж дека Енди Мареј многу бргу ќе се врати на терените. Се споменува дека целта на Мареј е да заигра на Вимблдон кој стартува на први јуни.