Енди Мареј по елиминацијата од Синсинати се откажа од УС Опен

Британскиот тенисер Енди Мареј нема да игра на престојниот Грен Слем турнир УС Опен, по неочекуваната рана елиминација на турнирот во Синсинати.

Британецот го одигра првиот меч во сингл-конкуренција по долго време, но во првото коло загуби од Ришар Гаске со 0-2 во сетови (4-6, 4-6). Поради недоволната подготвеност, Мареј реши да се откаже ос УС Опен, но само во сингл.

Некогашниот светски рекет број еден на Грен Слем турнирот ќе игра во двојки и во мешани двојки.

Престижниот тениски турнир ќе стартува на 26 август.