Енди Мареј петти пат ќе игра на Олимписките игри

Британскиот тенисер Енди Мареј официјално ќе биде дел од Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои ова лето ќе се играат во Париз, Франција.

Британскиот олимписки комитет соопшти дека Мареј ќе биде дел од машиот тим на Велика Британија, заедно со капитенот Иан Бејтс, како и тенисерите Џек Дрејпер, Камерон Нори и Дин Еванс.

Единствената тенисерка од Велика Британија на тенискиот турнир на ЛОИ кој ќе се одржи од 27 јули до 4 август ќе биде Кејти Болтер, додека во двојки ќе играат Џо Салсбери и Нил Скупски.