• Горан Упале
Поранешниот тенисер број три во светот и Грен слем освојувач, Хуан Мартин дел Порто во емотивна исповед проговори за сериозните последици од повредите во текот на кариерата.
Аргентинецот исто така призна дека пие по една рака лекови секој ден, но и се запраша како ќе изгледа кога ќе има педесет години.
„Немам трчано од мојата 31 година, тоа се пет години. Едвај се качувам по скали, не можам да удирам, никогаш повеќе не сум играл тенис како што треба. Дали вака ќе живеам уште петнаесет години, па на педесет ќе ми стават протеза? Не знам, ќе видиме“, изјави Дел Потро.
Аргентинецот опиша и како изгледа еден негов обичен ден.
„Станувам и пијам меѓу шест и осум таблети, антиинфламаторни, лекови против болки и уште една за анксиозност. Се надевам дека сето ова еден ден ќе заврши, бидејќи сакам да живеам без болка“, заклучи Аргентинецот.
36-годишниот Дел Потро својата единствена Грен слем титула ја освои во 2009 година, на УС Опен, кога во пет сета славеше над Роџер Федерер.