Елиминиран хитот на Ролан Гарос: Меншик ќе игра за финале во Париз

Јакуб Меншик продолжува со фантастичните настапи на Ролан Гарос и обезбеди место меѓу четворицата најдобри тенисери на турнирот. Чешкиот ас во четвртфиналето беше сигурен против Жоао Фонсека и триумфираше со максимални 3-0 во сетови.

Меншик уште од самиот почеток го наметна својот ритам и без поголеми проблеми стигна до предност од два сета, добивајќи ги со 6-4 и 6-3. Бразилецот се обиде да се врати во игра во третиот сет и пружи далеку посилен отпор, но не успеа да го одведе мечот во четврти сет.

Решението падна во тај-брејкот, каде што чешкиот тенисер остана посмирен во клучните моменти и го завери пласманот во полуфиналето на престижниот гренслем турнир во Париз.

За место во големото финале, Меншик ќе ги одмери силите со Александер Зверев, кој исто така успешно ја мина четвртфиналната пречка.