Еден шампион си оди дома, Ѓоковиќ без право на грешка против Зверев

Ѓоковиќ

Тешкиот пораз од Данил Медведев во второто коло на завршниот турнир во Лондон му носи тешка задача на Новак Ѓоковиќ. Денес ќе мора да го победи Александер Зверев, за да остане во игра за титулата во „О2 Арена“.

Еден полуфинален пар е познат, а тоа е судирот на Медведев и Надал. Доминик Тием го чека својот противник, кој ќе го добие по денешниот дуел на Србинот и Германецот.

Тоа ќе биде шести меч меѓу Ѓоковиќ и Зверев, а засега мала предност има српскиот ас (3-2). Последен пат застанаа еден наспроти друг на Ролан Гарос минатата година.

Фаворитската улога ќе биде на страна на првиот тенисер на АТП листата. Шеста сезона во својата кариера Ѓоковиќ завршува календарска година на чело на светскиот тенис, со што го израмни рекордот на Пит Сампрас.

Зверев има една титула во Лондон, а неговиот следен противник дури пет пати се радувал на трофејот. Денес ќе играат за место во полуфиналето во меч кој започнува во 15:00 часот.