• Зоран Мишевски
Американската тенисерка Џесика Пегула рутински ја совлада сонародничката Коко Гоф со 6-2, 6-1, за неполн еден час игра. Со оваа победа, петтата тенисерка на светот се пласира во финалето на завршниот ВТА турнир во Канкун. Во двата сета Пегула направи три брејка и доминираше до триумфот.
Второто полуфинале, каде силите ги одмерија Арина Сабаленка и Ига Швјонтек, беше прекинато поради дожд. Полската тенисерка имаше водство во првиот сет 2-1 (30-30), додека Белорусинката сервираше во четвртиот гем. Се очекува мечот да продолжи во ноќта меѓу недела и понеделник.
Доколку Швјонтек победи на овој меч и подоцна го освои турнирот, ќе се врати на врвот на ВТА листата, додека Сабаленка со победата во полуфиналето ќе остане број број до крајот на годината.