ВИДЕО: Дрејпер ја комплетира магичната недела и го освои Мастерсот во Индијан Велс!

Британскиот тенисер Џек Дрејпер е изненадувачки победник на Мастерсот во Индијан Велс. По големата победа над фаворизираниот Карлос Алкараз во полуфиналето, 23-годишниот Дрејпер се истакна и вечерва против Холгер Руне, во мечот за трофејот.

Дрејпер не му даде ниту најмала шанса на данскиот тенисер и го доби ова финале со 2-0, по сетови 6-2, 6-2, за само 70 минути борба. Дрејпер одигра жестоко од почетокот на мечот, поведе со 4-0 во првиот сет и уште тогаш беше јасно дека Руне нема шанси во тој дел од играта.

Во вториот сет Дрејпер веднаш направи брејк, Руне се надеваше на пресврт до седмиот гем, но Британецот направи уште еднаш одзеде противнички сервис и го реши прашањето за победникот.

Со оваа титула, Дрејпер значително го подобри својот пласман на АТП листата, освојувајќи 990 поени и се проби на седмото место со 3.800 поени, што е само 55 помалку од Каспер Руд на шестата, а 60 помалку од Новак Ѓоковиќ на петтата позиција.