ВИДЕО: Додека Ѓоковиќ го „газеше“ Медведев, дами предизвикаа инцидент на трибините!

И покрај пандемијата и строгите рестрикции во Австралија, големото финале на Австралија Опен меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев се играше пред речиси полни трибини на „Род Лејвер Aрена" во Мелбурн.

А, додека на теренот првиот рекет на светот го „газаеше“ Русинот, на трибините се случи голем инцидент, откако две дами поради недолично однесување на еден тениски натпревар беа отстранети од обезбедувањето. Засега не е познато за што точно се работи, а една од демонстрантите носеше маица со натпис „Ослободете ги сите“.

Инаку, Ѓоковиќ без разлика на инциденот на трибините одигра фантастичен меч и со 3-0 дојде до својата деветта титула на Австралија Опен.