• Горан Упале
Божидар Маљковиќ, претседателот на Олимпискиот комитет на Србија (ОКС) изјави дека тој и неговиот тим добиле информација дека Новак Ѓоковиќ не бил опериран.
Претходно во текот на денот, бројни француски и италијански медиуми објавија дека Ѓоковиќ бил опериран во Париз и дека му претстои период на заздравување. Маљковиќ се повика на вујкото на Новак, кој наводно негирал дека операцијата се случила.
„Му се јавивме на вујко му. Син ми секојдневно го следи францускиот печат. Французите во многу сериозни медиуми пишуваа дека бил опериран. Сепак, добивме информации дека тоа не се случило. Не би сакал да шпекулирам.
Во секој случај, секоја чест за Новак. Да одигра таков меч во таква состојба. Сите би сакале да биде со нас и да го води олимпискиот тим. Тој е прекрасен човек кој ги прави другите спортисти подобри. Тоа го покажа и во Токио исто така“, рече Маљковиќ.
Инаку, утрово „Гезета“ тврдеше дека на Ѓоковиќ утрово му била извршена операција во една клиника во Париз и дека истата завршила успешна.