Димитров влезе во „клубот 100“ на Мастерс-турнирите

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласира во осминафиналето на мастерс-турнирот во Мајами, САД.

Димитров славеше над Карен Качанов, кого го доби во три сета со резултат 2-1 (6-7, 6-4, 7-5). Мечот траеше повеќе од два и пол часа и заврши со успех за 15. тенисер на АТП-листата.

Со оваа победа, Димитров влезе во „клубот 100“ на Мастерс-турнирите. Тој стана четвртиот активен играч со 100+ победи на турнирите од категоријата 1.000.