Димитров со голем пресврт стигна до првото финале по пет години

Бугарскиот тенисер Григор Димитров успеа да се пласира во финалето на АТП турнирот во Женева, откако во многу тежок дуел со пресврт славеше над деветтиот играч во светот, Американецот Тејлор Фриц. 

Турнирот што се игра во рамките на АТП 250 серијата е на земјена подлога, a Димитров успеа да извојува тешка победа со резултат 3-6, 7-5, 7-6/2, во меч кој траеше скоро три часа. Последен пат бугарскиот тенисер одигра финален меч во Ротердам во 2018 година, а тогаш загуби од Швајцарецот Роџер Федерер. 

Ова за Димитров ќе биде прва шанса после цели пет години да се бори за трофеј на АТП турнирите. Во финалето противник ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Александар Зверев од Германија и Николас Јари од Чиле.