Димитров со епски пресврт: Губеше 6-4 и 4-1, но на крај го победи Медведев

Григор

Бугаринот Григор Димитров се надмина себеси и со фантастичен пресврт го елиминира големиот фаворит на Индијан Велс, Данил Медведев (4-6, 6-4, 6-3).

Рускиот тенисер имаше контрола над мечот во воведните два сета. Но, потоа значително падна неговото ниво на игра, што Димитров го искористи за да врзе пет гема во низа и да го освои вториот сет. Во одлучувачкиот сет продолжија проблемите на Медведев, кој психички се загуби и на крај го заврши настапот на турнирот во Калифорнија.

Пласман во следното коло обезбедија Стефанос Циципас и Александар Зверев. Гркот го надигра Алес Де Минаур (6-7/2, 7-6/3, 6-2), а германскиот ас беше подобар од Гаел Монфилс (6-1, 6-3).

Кај тенисерките пласман во четвртфиналето запишаа Азаренка, Остапенко, Кербер и Џабер.