• Саше Љолес
Бугаринот Григор Димитров на прес-конференција со медиумите зборуваше на повеќе теми, но се осврна и на допинг-скандалот со Италијанецот Јаник Синер, за кого рече дека морал да добие суспензија.
„Ако веќе постојат правила и некој ги прекршил, а за возврат не добил казна, тоа никому не му се допаѓа. Според сите норми и параметри, Синер мораше да добие суспензија, без оглед на тоа дали имал намера или немал.
АТП знаеше за ситуацијата, без разлика дали до фактите дојде порано или подоцна. Ние ќе продолжиме да играме и да се бориме за трофеи, но Синер требаше да биде суспендиран барем сезонава. Тоа е моето искрено мислење“, рече Димитров.
Јаник Синер продолжи со настапите на тениските турнири, а неодамна се закити со со втората Грен-Слем титула, откако триумфираше на американскиот УС Опен.