• Горан Упале
Домашниот тенисер Френсис Тиафо се пласира во полуфиналето на УС Опен, откако неговиот дуел против Григор Димитров не заврши, бидејќи бугарскиот тенисер поради повреда го предаде мечот во четвртиот сет (6-3, 6-7, 6-3, 4-1).
Така, Тиафо закажа американски дуел за финале против Тејлор Фриц, кој беше подобар од Александар Зверев,
Тоа значи дека Соединетите Американски Држави сигурно ќе имаат свој претставник во финалето на УС Опен, а првпат по 2005 година двајца Американци ќе се сретнат во полуфиналето.
Веќе на средината од третиот сет Бугаринот имаше проблеми со повреда на бутот и побара медицински тајм-аут, а веќе се гледаше дека интензитетот на неговата игра паѓа. Тиафо го искористи тоа, наметна силно темпо, кое Димитров не можеше да го одржи и беше принуден да се предаде.
Во долниот дел од ждрепката за полуфинале ќе се борат Јаник Синер против Данил Медведев и Џек Дрејпер против Алекс Де Минер.