Димитров по три часа и пет сета го скрши отпорот на Типсаревиќ

Григор Димитров и Јанко Типсаревиќ го одиграа највозбудливиот натпревар од првото коло на Ролан Гарос, откако бугарскиот тенисер по голема борба, која траеше повеќе од три часа, се избори за голема победа од овој дуел. 

Мечот тргна одлично за Димитров, првите два сета ги освои со 6-3 и 6-0, но кога се очекуваше рутински трет сет, Типсаревиќ заигра покавалитетно и успеа да се избори за одлучувачки сет. Сепак, во петтиот сет квалитетот на Бугаринот дојде до израз и со 6-4 обезбеди нов меч на единствениот Грен слем на земјена подлога. 

Од денешната премиерна програма на Ролан Гарос, пласман во второто коло обезбедија уште Марин Чилиќ и Стфанос Циципас, кои со сигурни 3-0 славеа над Фабиано и Мертер.