• Александар Ковачев

Бугаринот Григор Димитров, откри што му рекол Рафаел Надал на мрежата по завршувањето на полуфиналната борба на Австралија опен, која на крајот ја доби Шпанецот со 3-2 во сетови.
„По тој пораз во мојата глава уште милион пати го одиграв тој гем и се прашувам дали можев да направам нешто подобро. Сфатив после неколку дена дека направив тоа што можев. Надал на мрежата ми рече дека треба да продолжам со ваква игра и дека еден ден сигурно ќе освојам Грен слем. Тоа е мојот сон, поголем и од првото место на АТП. Мислам дека тоа е возможно, но морам да бидам константен“, изјави Димитров.
25-годишниот Димитров, покрај полуфинале на Австралија опен, има полуфинале и на Вимблдон во 2014 година.