Депортираната тенисерка не му се лути на Ѓоковиќ, ќе бара паричен надомест од АО!

Чешката тенисерка Рената Ворачова, која беше депортирана од Австралија бидејќи не била вакцинирана против коронавирус, не го криеше своето задоволство од фактот што Новак Ѓоковиќ го добил спорот со австралиските власти.

Ворачова беше во иста ситуација како Новак, при престојот во Австралија, но нејзиниот случај заврши со враќање во Европа. Србинот, пак, на суд се избори за правото да остане во земјата и да се натпреварува на Австралија опен.

„Таму бев цела недела, но откако тој дојде, сè се смени. Не сум лут на Ѓоковиќ. Само тажна сум што ми се случи ова. Ова е еден од најголемите турнири и тешко ми е што нема да можам да игра. Не се чувствував добро, не можев да спијам и да јадам“

Таа не се жалеше на одлуката на австралиските власти, но напомена дека ќе бара соодветна отштета од Тениската асоцијација на Австралија.

„Еден авионски билет чинеше 2.500 евра, а со мене беше и мојот тренер. Потоа, хотелско сместување, тренинзи, потенцијални пари во вид на награда... Се надевам дека австралиската федерација сето ова ќе го земе предвид и дека нема да мора да преземат законски чекори“, вели Ворачова.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари, а Ѓоковиќ најверојатно ќе има шанса да стигне до десеттата титула.