Дел Потро се враќа по голготата, се пријави за турнирот во Делреј Бич

Еден од најмалерозните тенисери на денешницата, Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро, објави дека за десетина дена ќе се врати на терените, откако заради повреда, која ја заработи во ноември минатата година во Шангај, паузираше три месеци и го пропушти Австралија Опен.

Делпо се пријави за турнирот во Делреј Бич, кој почнува на 18 февруари и треба да му биде подготовка за почетокот на Мастерс серијата во март. 

„Минатата година ја најдов константноста и дојдов до третото место на АТП листата. Сега ќе биде тешко да се вратам на тоа ниво. Знам дека на почетокот нема да биде едноставно, но подготвен сум да одам чекор по чекор“, рече високиот „гаучос“, освојувач на еден Грен слем турнир.

Минатата година во овој период од годината, Дел Потро играше одлично, освои два турнири и затоа брани голем број на бодови.